Горан Пандев и се е кажано. Каде и да оди нашата фудбалска икона е препознатлив, без разлика што сега е во играчка пензија. Вчера Пандев беше на „Џузепе Меаца“ во Милано каде неговиот поранешен клуб Интер, со кого во 2010 година ја освои “триплетата“, играше против Лајпциг во Лигата на Шампионите. А дека е почитуван и респектиран и од фановите од Црна Гора, доказ е тоа што Пандев доби подарок дрес од првиот фудбалски клуб основан од фудбалски фанови од Црна Гора, ФЦ Фанс Јунајтед кој се натпреварува во третата лига во таа земја.
Да се знае кој е кој!