Вардар 1961 победнички ја заврши групната фаза во Европската лига, откако на домашен терен го совлада Мелсунген со 32-30. Македонскиот тим ја заврши европската авантура оваа сезона, а една од главните причини за триумфот над бундес-лигашот беше голманот Еспиња кој запиша 15 интервенции.
Сосема заслужено се најде на првото место во Топ листата на ЕХФ за шестото коло. Станува збор за двојната одбрана при 28-27.