Ракометарките истрчаа во „Феникс Арената“: За кого? За Македонија! (ВИДЕО)

165

Македонската женска ракометна репрезентација ситно брои до стартот на Европското првенство кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Градот домаќин на групата А на „црвено-жолтите“ е Дебрецин.

Македонија утре ќе ги одмери силите со Шведска, два дена подоцна ќе се сретне со Турција, додека во последниот меч од групната фаза ќе одигра против домаќинот Унгарија. Првите две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во главната рунда.

Кристијан Грчевски и неговите избранички го одржаа првиот тренинг во „Феникс Арената“, на денешната средба со новинарите порачаа дека ќе сторат се за да ја претстават својата земја во најдобро светло.

 

ПретходноДвојната одбрана на Еспиња е број еден (ВИДЕО)
СледноБарса тргнува по Исак!