Официјално тимот на Манчестер Јунајтед на сега веќе екс менаџерот Ерик Тен Хаг и на неговиот тим на помошници, за предвремениот отказ им исплати отштета од 10.4 милиони фунти.
Оваа информација е лиферувана предмалку само како потврда дека Јунајтед и холандскиот стратег повеќе немаат никакви обврски меѓусебе и дека клубот сега може слободно да продолжи со Аморим како менаџер понатаму.
Сепак, останува оној заклучок дека Ерик Тен Хаг и неговиот престој на Олд Трафорд е само уште една епизода повеќе во „сапуницата“ наречена пост Алекс Фергусон ера во Манчестер Јунајтед.
Истата трае повеќе од десет години, а за тоа време Јунајтед исплатил неверојатни 70 милиони фунти на име отштета на предвреме отпуштени менаџери. Се изредија десетина, но ниту еден не ја пронајде формулата како и што да стори со тимот за да истиот биде повторно на самиот врв како во Премиер лигата така и во Европа.