Лазаров пред дуелот со Виена: Момците заслужуваат поддршка од трибините особено на европските мечеви!

142

Алкалоид е единствениот македонски претставник во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот ќе игра за пласман во осминафиналето во ова натпреварување. За противник избраниците на Кирил Лазаров го имаат тимот на Вест Виена, а двата меча ќе се играат во салата во Автокоманда, првиот на програмата е утре со почеток во 19 часот, додека вториот е следниот ден.

„Второто коло го поминавме против незгодна литавснка екипа. Сега добивме за противник доста воиграна екипа, која е составена од младински репрезентативци од Австрија, тим против кого нашите младинци одиграа ова лето нерешено.

Противникот е технички добро подготвен и трча многу подобро. За нас како тим ќе ни биде одлично бидејќи играме ист ракомет како нас. Гледачите во рок од 48 часа ќе можат да гледаат два добри мечеви. Наша цел е победа, но за тоа треба да одиграме. Мораме да бидеме максимално сериозни во пристапот, наша цел е да го надоградуваме нашиот систем. Се надевам дека ќе има што повеќе публика во Автокоманда. Овие момци во периодот во кој измина заслужија да имаат поддршка особено на европски натпревари“, изјави Кирил Лазаров.

На прес-конференцијата беше Мартин Серафимов, кој исто така најави дека нивната цел е победа на двата меча.

„Успешниот старт на Европскиот Куп, ни следат два меча на домашен терен со Вест Виена. Подготвени сме да ги исполниме обврските и да го прифатиме предизвикот и секако да ги добиеме натпреварите. Се надевам дека ќе има поддршка од публиката“, рече Серафимов.

Претходно Алкалоид и на двете средби беше подобар од Драгунас Клаипеда.

ПретходноЈокиќ со својот ритуал ги остави во чудење Американците (ВИДЕО)
СледноПелистер по изненадување на жешкиот терен во Веспрем