Македонската женска ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) против Шведска го отвара Европското првенство. „Црвено-жолтите“ играат во „Феникс Арената“ во Дебрецин, а за противници во својата групата А ги имаат и селекциите на Турција и Унгарија.
Ова ќе биде седмо учество за македонската женска ракометна репрезентација на Европските првенства. За првпат настапи во 1998 година кога го освои осмото место, две години подоцна заврши на исто како осма.
Најголемиот успех на континенталните натпреварувања Македонија го запиша во 2008 година, како домаќин го освои седмото место.
На последното ЕП кое домаќин беше повторно Македонија поточно нашиот главен град заврши 16-та, истиот резултат го постигна и во 2012 година.
Кога сме кај победите, Македонија последната победа ја континенталните натпреварувања ја има запишано во 2008 година, против Белорусија со 29-24. Оттогаш па наваму женскиот национален тим е без триумф.