Ништо од Турците во Беласица: Имаше преговори, но немаше официјален договор! (ФОТО)

391

Она што “СпортСпорт“ пред неколку дена објави дека турски инвеститор има шанси да влезе во Беласица, се покажа како точно, но еве и официјално. Договорот пропадна и дефинитивно во овој наш клуб нема да има инверститори од Турција, односно нема да биде спонзор или газда Акин Алтај, а со него и некогашниот играч на Галатасарај Еврен Турхан.

Турците и официјално кажуваат дека нема договор со сегашното раководство на Белсица.

Инаку како што дознаваме, многу бргу, за неколку дена, ќе се дознае во кој друг клуб во Македонија Алтај и Турхан ќе влезат како спонзори.

No description available.

ПретходноМакедонија на Европските првенства последен пат победила пред 16 години!
СледноСтефан Ристовски: Им честитам на соиграчите, навистина сум горд!