Минато, сегашност, иднина…. Вака е именувана денешната средба во Скопје на новиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ и најдобриот фудбалер на сите времиња на Македонија, Горан Пандев. Во пријатна и неформална атмосфера, како што и обајцата секогаш се подготвени да му пристапат секому Омерагиќ и Пандев уште еднаш, не за прв пат периодов, се договорија следново.
Дека на македонскиот фудбал му требаат промени, коренити и дека оваа нивна средба е само почеток, најава за нешто што е планирано одамна. Соработка, комуникација на највисоко ниво, работа, и професионализам се за доброто на македонскиот фудбал.
А промените само што не започнале. На 22 декември е закажано следното собрание на Фудбалската Федерација на Македонија. А на него, Омерагиќ, Пандев стапуваат на сцена со својата визија, енергија, посветеност и тимска работа.
Минато сегашност иднина ќе биде мотивот кој ќе ги води новите раководни структури на ФФМ. Дека ништо не доаѓа преку ноќ, дека сите мора да го погледнеме минатото, каков „багаж“ секој носи со себе, дека треба да се согледа сегашноста, што како поединци што како колектив и иднината која што сите заедно треба да ја донесеме. За подобро утре на македонскиот фудбал.