ФИФА потврди: Македонија од третиот шешир ги чека ривалите во квалификациите за СП 2026

372

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) денеска ги потврди шеширите од кои ќе се извлекуваа групите за следниот циклус од квалификациите во Европската зона за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Македонија според она што и се очекуваше се најде во третиот шешир. Друштво на нашата репрезентација и прават и Шкотска, Словенија, Р. Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, С. Ирска, Црна Гора, БиХ и Израел. Овие селекции сигурно нема да бидат еден од нашите противници во групите.

Интересно е што ФИФА и во овој квалификациски циклус не ја вклучи фудбалската репрезентација на Русија.

Ждрепката ќе се одржи на 13 декември.

1 ШЕШИР: Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија

2 ШЕШИР: Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Романија, Грција, Словачка, Чешка и Норвешка

3 ШЕШИР: Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Македонија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Израел

4 ШЕШИР: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Косово, Ерменија, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија и Литванија

5 ШЕШИР: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.

ПретходноКоментар на 16.коло: Пекол во битката за опстанок, Тиквеш лани го освои Купот а оваа сезона урива негативни рекорди
СледноЃорческа елиминирана во четвртфиналето на Фјучeрсот во Италија