Кошаркарите на Партизан им приредија одлична вечер на своите фанови, откако во Белград славеа над Олимпијакос со 78-70. Во еден од најинтересните дуели од 12. коло, српскиот состав успеа да оствари нов триумф.
Одличната партија на „црно-белите“ беше дело на триото Џонс, Лундберг, Дејвис кои вечерва го понесоа најголемиот товар на мечот. Најефикасен беше Џонс со 15 поени. За Партизан ова беше четврта победа сезонава.
Ти-Џеј Шортс и Париз остварија тесна победа над В. Болоња од 81-78. Италијанците имаа напад за израмнување, но не погодија за три поени. Шортс средбата ја заврши со 19 поени како најдобар реализатор кај Париз.
Басконија ја прекина серијата порази со вредна победа на гостувањето кај Жалгирис од 70-83. Макаби ТА, пак, немаше поголеми проблеми да оствари победа на гостувањето против Алба во Берлин (85-103).