И Швјонтек допинг-позитивна, суспензијата и истекла уште пред да разбере јавноста?!

88

Полската тенисерка Ига Швјонтек, која до неодамна беше прв тениски рекет на ВТА листата, имала позитивен допинг тест за триметазидин. Тестот на урина направен на 12 август 2024 година бил  позитивен на ниски нивоа на триметазидин.

На 12 септември, Меѓународната тениска агенција за интегритет (ITIA) испрати прелиминарна најава за прекршување на анти-допинг правилата на Швјонтек. Анализата на примерокот Б ги потврди резултатите од примерокот А.

Швјонтек изјави дека позитивниот тест е предизвикан од контаминација на мелатонин, лек кој се продава без рецепт, произведен во Полска. Таа го земала лекот поради проблеми со спиењето. Швјонтек пропушти три турнири (Сеул, Пекинг, Вухан), што се сметаше за периодот на суспензија и сега и остануваат уште осум дена суспензија, што значи дека таа ќе може да настапува од 4 декември.

ПретходноНе се случи чудо во Веспрем, Пелистер убедливо поразен
СледноСудии за ПМФЛ: Пилешков “главен“ на Чаир, Младеновски ќе им суди на Гостивар и Силекс