Фудбалерите на Челзи ја продолжија победничката низа во Конференциската лига на УЕФА, откако во мечот од 4. коло вечерва на гостувањето во Германија со 0:2 славеа над екипата на Хајденхајм. „Сините“ до победата дојдоа во второто полувреме, кога напрво Нкунку постигна гол за водство од 0:1 во 51. минута,а потоа Мудрик во 86. минута ги постави и конечните 0:2. Ова беше четврта победа за лондончани со која остануваат на врвот на табелата.
Јагелонија на нашиот Дарко Чурлинов по трите победи, беше за момент запрена во Словенија. Целје одигра 3:3 во меч во кој Полјаците имаа предност но не успеаја да ја сочуваат. Чурлинов беше стартер на мечот и ги одигра комплетните 90. минути.
Николов и Шишковски со Борац Бања Лука со пресврт дојдоа до втората победа откако на домашен терен славеа над ЛАСК со 2:1. Шишковски остана на клупата за резерви, додека Николов беше стартер за Борац.
УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
4 КОЛО
Астана – Виторија Гимараеш 1:1
Хајденхајм – Челзи 0:2
С. Бриж – Хартс 2:0
Динамо Минск – Копенхаген 1:2
Ноа – Викингур 0:0
Сент Гален – Бачка Топола 2:2
Борац БЛ – ЛАСК Линц 2:1
Молде – АПОЕЛ Никозија 0:1
Целје – Јагиелонија 3:3
Панатинаикос – Хелсинки 1:0
ТНС – Дјургарден 0:1