Легендите во ФФМ со новите промени

717

Kako je dobro vidjeti te opet…. е стихот на легендарната, неповторливата нумера од популарниот екс југословенски бенд Нови Фосили. Овој стих ден денес е како химна на навивачите на Динамо Загреб, популарните Бед Блу Бојс кој што го славеа својот капитен своевремено Гоце Седлоски, македонската фудбалска легенда. Капитенот на репрезентацијата на Македонија со сто настапи. Популарниот Седло, сега тренер на Вардар, си го запеа токму овој рефрен на денешната средба со Горан Пандев и Ѓорѓи Христов.

ГОЦЕ, ГОЦЕ, ГОЧЕ

Kako je dobro vidjeti te opet…. Гоце, Гоце и Гоче… kao nekad… во дресот на репрезентацијата на Македонија. Заедно. И овојпат со иста намера. Да му донесат радост, подобри денови на македонскиот фудбал. Копачките одамна ги закачија, но тројцата сега ќе имаат нова улога. Ќе бидат дел од тимот на новиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Ќе бидат дел од неминовните промени кои доаѓаат кога е во прашање најпопуларниот спорт кај нас. Затоа што тоа сите го заслужуваме.

Ќе дочекаме конечно на водечките фудбалски позиции, познати луѓе. Легенди. Луѓе со „габарит“. Луѓе што вредат. Чиј што збор се слуша далеку од овие наши македонски фудбалски простори. Нивната појава предизвикува аплаузи, овации. Во Белград, во Загреб во Милано, во Рим. Овие луѓе ќе ја претставуваат Македонија во светот, така треба да биде, така требало да биде одсекогаш.

Кој што ќе биде е следното прашање? А што е важно кој што ќе биде… најважно е дека новото раководство ќе се потпре на нив. На македонските фудбалски сенатори кои долго време се во сенка но конечно некој се сети да ги извади од истата.

 

 

ПретходноПандев со Омерагиќ: Минато, сегашност, иднина…