Пелистер не успеа да приреди чудо на гостувањето кај Веспрем во рамките на деветото коло во Лигата на шампиони, беше совладан со 33-25 (20-11). За македонскиот тим ова беше шести пораз, има една победа и две ремија.
Унгарскиот тим отвори според очекувањата на дело ја покажа својата моќ, поведе со 7-2, набрзо и со 13-9. И тука не застана веќе во вториот дел од првото полувреме имаше двоцифрени плус 11 (18-7 и 19-8). На одморот резултатот бепе 20-11.
Битолчани немаа сили да му парираат на лидерот во групата А ниту во второто полувреме. Веспрем не им дозволи на ракометарите на Пелистер да помислат резултатски да се доближат и рутински го приведоа мечот во своја корист.
Никола Митревски запиша 11 одбрани, додека Кузмановски со шест гола беше прв стрелец, зад него беше Тајник со четири гола.