Френк Лампард е новиот менаџер на Ковентри Сити, официјално соопштија од клубот. 46-годишниот тренер потпиша договор на 2,5 години до јуни 2027 година. Негови помошници ќе бидат Џо Едвардс и Крис Џонс.
Поранешниот тренер на Дерби Каунти, Евертон и Челзи ќе дебитира на чело на Ковентри веќе во сабота, кога тимот ќе му гостува на Кардиф.
Ковентри се наоѓа на 17. место во Чемпионшип со само 17 бодови.