Ракометарите на Е. Пелистер вечерва во Унгарија го претрпеа и осмиот пораз во Лигата на шампионите. Битолчани беа поразени од Веспрем, а тренерот Раул Алонсо на прес-конференцијата по мечот ги изложи и своите видувања за мечот.
„Сакавме да одиграме подобро во првиот дел. Натпреварот беше решен по само десет минути. Веспрем покажа сила, имаше баланс во играта и веќе на полувреме имаше висока предност од осум гола. Среќен сум за реакцијата во вториот дел, не беше лесно да се вратиме. Ние треба да го анализираме овој натпревар, а на Веспрем му посакувам успеси и остварување на сите цели“, вели кормиларот на битолскиот состав.