Ристовска: Ќе го оставме срцето на терен!

64

Во три држави денеска стартува Европско првенство во женска конкуренција. Целосното внимание на македонската јавност ќе биде насочено кон Дебрецин каде нашите ракометарки ги играат мечевите од групната фаза. Шведска е денешниот прв противник (20:30 часот), а силите ќе ги одмерат уште со Турција и Унгарија.

Сара Ристовска која ја има улогата на капитен не крие дека Македонија шансата за победа ќе ја бараат против Турција, но тоа не значи дека ќе влезат со бело знаме на другите два меча.

„Имавме добри подготовки пред почетокот на првенство, одгравме неколку пријателски натпревари преку кои видовме на што треба да посветиме внимание. И во нападот и во одбраната мора да бидеме на највисоко ниво за мечевите на Европското првенство.

Целосно сме фокусирани на првите три натпревари, особено на тој против Турција, кој е многу важен за нас и воедно е шанса за да победиме. Се надевам дека ќе останеме дисциплинирани и ќе успееме да ја исполниме нашата цел“, изјави Сара Ристовска.

Македонската ракометна репрезентација во составот има голем број на младите ракометарки, а Ристовска со уште неколку ќе бидат лидери на теренот. Сара верува во квалитетот на помладите во тимот.

„Дефинитивно младите ракометарки се на правиот пат, веќе имаме неколку што играат во клубови надвор од Македонија“.

Што се однесува до денешниот дуел со Шведска, Сара вели дека се свесни за силата на противникот, нивна задача ќе биде

„Ќе биде тежок меч, знаеме која е Шведска, но ќе се обидеме да наметнеме поинаков стил на игра од нивниот, знаеме дека тие сакаат да играат брз ракомет. Ќе дадеме се од себе, ќе го оставиме срцето на терен. Како капитен, верувам во мојот тим“.

ПретходноСлот откри што им кажал на фудбалерите на полувремето!
СледноБилд тврди дека Лајпциг ја спуштил цената за Елмас – решен е да го продаде!