Стефан Ристовски: Им честитам на соиграчите, навистина сум горд!

138

Динамо Загреб загуби со 3:0 од Борусија Дортмунд во петтото коло од Лигата на шампионите на Максимир. Актуелниот европски вицешампион лесно се справи со хрватскиот шампион.

Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски по мечот истакна дека добро одиграле против фаворитот и покрај бројните повреди со кои се соочуваат.

“Се боревме до самиот крај. Како што кажав пред натпреварот, игравме против сериозна екипа која играше во финалето минатата сезона. Со оглед на бројот на повреди што ги имаме, би сакал да им честитам на моите момци, навистина сум горд “, изјави Стефан Ристовски, а потоа додаде:

„Без разлика на поразот, покажавме добро лице. Голот на крајот од првото полувреме малку не исфрли од рамнотежа, но на крајот на денот мора да го заборавиме ова што е можно побрзо и да се подготвиме за дерби со Хајдук во недела“.

ПретходноНишто од Турците во Беласица: Имаше преговори, но немаше официјален договор! (ФОТО)
СледноЈокиќ со својот ритуал ги остави во чудење Американците (ВИДЕО)