До крајот на неделава, односно до следниот меч на Реал Мадрид кој е на програмата викендов, против тимот на Гетафе, првиот човек на „Кралевите“ Флорентино Перез ќе одржи состанок со тренерот Карло Анчелоти. Тема на истиот секако ќе бидат последните резултати и немоќта на тимот да се справи со притисокот во моментов, како во Ла Лига, така и во Лигата на Шампионите.
Оваа информација ја пренесува денешноот издание на Марка која што тврди дека на Анчелоти ќе му бидат предочени неколку факти кои во моментов не можат да бидат занемарени.
Последениот удар за Реал се случи синоќа откако на гостувањето кај Ливерпул на Енфилд, беше загубен мечот со 2:0. Сега Реал сериозно го доведува својот статус во Лигата на Шампионите.