Ѓорческа елиминирана во четвртфиналето на Фјучeрсот во Италија

19

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на Фјучeрсот во Гардена, Италија. Денеска во четвртфиналната пресметка со Американката Тајра Грант, Ѓорческа иако почна одлично, на крајот беше поразена со два сета загубени во тај-брејк.

Нашата тенисерка го освои првиот сет со максимални 6:0 и кога се чинеше дека мечот оди кон победа, Американката успеа во вториот сет да се избори за тај-брејк кој го доби со 7:5 и израмни. Слично беше и во третиот сет, кој Грант на крајот во тај-брејкот го доби со убедливи 7:1.

ПретходноФИФА потврди: Македонија од третиот шешир ги чека ривалите во квалификациите за СП 2026
СледноШтипјанки освоија бод против шампионот, тетовското дерби за Универзитет во Тетово