Јокиќ не застанува, Богдановиќ урна рекорд на еден од најголемите тројкаши (ВИДЕО)

525

Никола Јокиќ продолжува во ист ритам, а Денвер Нагетс по катастрофата и убедливиот пораз од Њујорк Никс (145:118) ја совладаа Јута на гости со 122:103, а најдобар поединец на теренот беше токму српскиот центар.

Јокиќ е незапирлив и едноставно никој не може да го чува, па нема да биде грешка доколку биде кандидат за МВП признанието. Јокиќ натпреварот против Јута го заврши со 30 поени, 10 скока и 7 асистенции и докажа дека е убедливо најдобар играч и на Денвер Нагетс и на целата НБА лига.

Џамал ​​Мареј додаде 22 поени и 8 асистенции, а Колин Секстон беше најдобар поединец кај домашните со 26 поени.

Со оваа победа Денвер се врати во плејоф зоната и сега е на 8. место на Западот со биланс од десет победи и 7 порази, а решавачката четвртина во мечот против Јута беше третата, која Нагетс ја добија со 37:23.

Атланта победи со 135:124 на гости кај Кливленд нанесувајќи им го само вториот пораз сезонава, а Богдан Богдановиќ постигна 17 поени од клупата. Својата задача, и тоа како придонесе за 25 минути ја исполни и патем успеа да собори рекорд.

Претходната ноќ, Богдан Богдановиќ стигна до својот 96-ти последователен натпревар во кој постигна барем една тројка, соборувајќи го рекордот на Клеј Томпсон за шеста најдолга серија во историјата на НБА. Кога ќе се земе предвид дека Томпсон е еден од најдобрите тројки на сите времиња, заедно со Стеф Кари и Реј Ален, тогаш јасно е каква работа направи Богдановиќ.

Вашингтон – ЛА Клиперс 96:121

Филаделфија – Хјустон 115:122 (прод)

Шарлот – Мајами 94:98

Кливленд – Атланта 124:135

Индијана – Портланд 121:114

Орландо – Чикаго 133:119

Далас – Њујорк 129:114

Њу Орлеанс – Торонто 93:119

Минесота – Сакраменто 104:115

Мемфис – Детроит 131:111

Сан Антонио – ЛА Лејкерс 101:119

Јута – Денвер 103:122

Феникс – Бруклин 117:127

Голден Стејт – Оклахома 101:105

ПретходноНиту Реал не му може ништо на Ливерпул (ВИДЕО)
СледноАнчелоти: Ливерпул заслужи да победи!