За македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас работите во Лајпциг не се одвиваат според очекувањата. Иако во дресот на Бундес-лигашот требаше да мине повеќе време на теренот, сепак тој добива мала минутажа од страна на тренерот Марко Розе.
Денеска весникот „Билд“ излезе со информација дека македонскиот репрезентативец најверојатно ќе биде ставен на листата на продажба. Иако за Елмас даде 24 милиони евра, сепак раководството на клубот донело одлука неговата цена да ја намали на 15 милиони евра.
Елмас секогаш е интересен за клубовите во Италија, а не се сиклучува можноста да го видме во Турција во дресот на Фенербахче или Галатасарај.
Нашиот дијамант не го одигра последниот меч од Ц Дивизијата во Лигата на Нации против Фарски Острови поради повреда.