По поразот во минатото коло, Фиорентина не дозволи ново разочарување за своите фанови во Конференциската лига на УЕФА. Вечерва на „Артемио Франки“, „виолетовите“ беа сигурни на пресметката со Пафос и остварија победа од 3:2, што за нив е веќе трета во ова натпреварување.
Полска Легија и натаму во чекор го следи лидерот Челзи. Полскиот тим вечерва славеше на гости кај Омонија со 0-3 и ја прокнижи четвртата победа, па со 100% ефект досега е лидер со лондонските „сини“.
Вредна победа и за словенечка Олимпија. Тимот од Љубљана на домашен терен со 1:0 славеше над Ларне и ја запиша третата победа.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
4 КОЛО
Лугано – Гент 2:0
Фиорентина – Пафос 3:2
Млада Б. – Бетис 2:1
Олимпија – Ларне 1:0
Омонија – Легија 0:3
Рапид Виена – Шамрок 1:1
Standings provided by Sofascore