Јокиќ со својот ритуал ги остави во чудење Американците (ВИДЕО)

181
Фото: Денвер/Твитер

Никола Јокиќ дојде до нов дабл-дабл во својата кариера. Денвер Нагетс по катастрофата и убедливиот пораз од Њујорк Никс (145:118) ја совладаа Јута на гости (122:103), а  Србинот запиша 30 поени, 10 скока и 7 асистенции, а со еден потег пред натпреварот повторно се најде во центарот на вниманието.

Јокиќ ја продолжи традицијата и не го прекина ритуалот што го прави пред секој натпревар и покрај тоа што изгледаше дека сега ќе мора без него. За што всушност се работи?

Пред секој натпревар има специфичен поздрав со Гордон, а Американецот овојпат не беше дел од Нагетс. И покрај тоа, Јокиќ истрча до местото каде што нормално би се поздравил со Гордон и сам го направи нивниот ритуал, оставајќи ги Американците во неверување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Denver Nuggets (@nuggets)

ПретходноСтефан Ристовски: Им честитам на соиграчите, навистина сум горд!
СледноЛазаров пред дуелот со Виена: Момците заслужуваат поддршка од трибините особено на европските мечеви!