Тренерот на екипата на Ал Ахли, Матијас Јајсла, побарал нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, повторно да биде вклучен во првиот состав на саудискиот тим.
Според информациите, Јајсла побарал од управата на клубот да го пререгистрира Алиоски во официјалниот тимски ростер за да го користи во азиската Лига на шампиони.
Извештаите укажуваа дека Јајсла го одбил предлогот на управата да го продаде Алиоски или да го раскине неговиот договор со заедничка согласност во јануари, поради нтоа што му е потребен за продолжението од Лигата на шампионите на АФЦ.