Македонија доби организација на европското кошаркарско првенство за кадети (Б дивизија)

42

Состанокот на бордот на ФИБА Европа, одржан синоќа во Истанбул, ја потврди кандидатурата на Кошаркарската Федерација на Македонија за организација на младинско Европско првенство за 2025 година.

Кошаркарската Федерација ја доби довербата на ФИБА да го организира кадетското првенство, дивизија Б, во машка конкуренција кое е предвидено да се одржи во периодот од 7. до 16. август идната календарска година во Скопје.

Покрај кадетската машка репрезентација, КФСМ ги пријави за учество и кадетската женска репрезентација, двете репрезентации (машка и женска) до 18 години, како и машката репрезентација до 20 години.

ПретходноГрчевски за премиерниот пораз: Добро почнавме, но потоа правевме многу технички грешки
СледноАнчелоти самоуверено: Реал ќе игра во финалето на Лигата на шампионите!