По завршувањето на квалификацискиот „прозорец“ за овој месец во кој нашата кошаркарска репрезентација одигра два дуели со Литванија и патем ги загуби објавена е најновата ФИБА ранкинг листа на национални селекции.
Македонија напредуваше за едно место на ФИБА листата, онаа на која се наоѓаат сите селекции на светот. Македонија е сега 57. кошаркарска сила, што и не е така лошо со оглед на проблемите со кои репрезентацијата се соочи, односно со некомпелтниот тим со кој настапивме на мечевите со Литванија.
По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 192.4 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.
Од нашите противници во групата, оној наредниот, во февруарскиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на шестата позиција во европски рамки, и има вкупно 701.3 бода.
Полска забележа пад од едно место, и сега е на 17.позиција во светот, односно на 11. во Европа со 593.6 бодови, додека пак Естонија е една позиција погоре, односно 43. позиција во светскиот, и 21. во европскиот рејтинг, со 282.1 бода.