Познати номинациите: Меси, Мбапе, Родри, Јамал, Халанд… кој ќе биде најдобриот за 2024?

106

Фудбалските фанови од целиот свет сега можат да го дадат својот глас во трката за најдобар играч за 2024 година во изборот на ФИФА наречен „The Best“.

ФИФА денеска го објави потесниот список на номинирани за престижното признани. Гласањето е отворено на FIFA.com во голем број категории на награди, а навивачите ќе имаат клучна улога во изборот на победниците. Гласањето за сите категории ќе биде подеднакво вклучено меѓу навивачите, актуелните капитени и тренери на сите женски/машки репрезентации и претставниците на медиумите.

Во финалниот избор на 11 номинации за „Најдобар фудбалер за 2024 година“ се најдоа:

Дани Карвахал (Шпанија), Реал Мадрид

Ерлинг Халанд (Норвешка), Манчестер Сити

Федерико Валверде (Уругвај), Реал Мадрид

Флоријан Вирц (Германија), Баер Леверкузен

Џуд Белингем (Англија), Реал Мадрид

Килијан Мбапе (Франција), Пари Сен Жермен/Реал Мадрид

Ламине Јамал (Шпанија), Барселона

Лионел Меси (Аргентина), Интер Мајами

Родри (Шпанија), Манчестер Сити

Тони Крос (Германија), Реал Мадрид (сега во пензија)

Винисиус Јуниор (Бразил), Реал Мадрид

ПретходноБарцокас сакаше да се тепа со навивачите во Белград, Кампацо пцуеше пред камера (ВИДЕО)
СледноЉафтов МВП, ПАОК со Миленкоски повторно до финале на грчкиот куп (ВИДЕО)