Алкалоид ја почнува битката за 1/8 финале во ЕХФ Европскиот Куп

37

Алкалоид вечерва (19 часот) во салата Автокоманда го игра првиот од двата меча против Вест Виена во рамките на третото коло на ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот со подобар скор на двата натпревари ќе завери место во 1/8 финалето во ова натпреварување.

Иако Кирил Лазаров и неговите избраници се фаворити на првата средба, сепак стратегот на Алкалоид е претпазлив како и секогаш, вели дека мора да се одигра максимално на теренот за да дојдат до победата, која е главна цел.

„Фаворити сме, но очекувам не само да играме на победа на двете средби, туку и да продолжиме по нашиот, проектот и играта да расте на секој но натпревар. Неблагодарно е да се прават споредби, особено што Австријците ги имаме гледано само на видео-анализа, но мислам дека Литванците од претходната рунда се за нијанса подобар тим од Вест Виена“, изјави Кире Лазаров.

Во составот на Алкалоид натаму ќе отсуствуваат Никола Костески и младиот Дамјан Митев. Првиот е под знак прашалник за Светското првенство во Хрватска, новите прегледи покажале дека мора да мирува, а додека во иста ситуација е Митев, кој веќе долго време е надвор од терените.

И Лазаров и Мартин Серафимов ја повикаа публиката да дојде и да ужива во европските мечеви.

„Ние сме подготвени за она што следува, наша желба е да одиграме два квалитетни натпревара. Сакаме публиката да ужива, веруваме дека со начинот на кој играме заслуживме навивачите да дојдат во голем број, а ние ќе им се оддолжиме со добра игра и победа. Играме со ривал што игра сличен ракомет на нас, цел ќе ни биде самите да наметнеме наш ритам, за публиката да ужива“, изјави Мартин Серафимов.

И втората средба меѓу Алкалоид и Вест Виена се игра во Автокоманда, истата е закажана утре во истиот термин.

ПретходноАнчелоти самоуверено: Реал ќе игра во финалето на Лигата на шампионите!
СледноАлиоски ќе остане во Ал Ахли и ќе игра за првиот тим во Азиската ЛШ