Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти призна дека неговиот тим е во мала криза по поразот од Ливерпул во Лигата на шампионите, но беше дециден дека ситуацијата во клубот многу брзо ќе се промени.
Реал забележа само две победи во досегашните шест натпревари на турнирот и е во сериозна опасност да остане надвор од оние осум екипи кои директно ќе одат во осминафиналето.
„Можете да кажете што сакате, но кажете им на сите дека Реал Мадрид ќе биде во финалето во Минхен“, одговори Анчелоти на критиките.