По Марјан Ристовски односно Даниел Миловановиќ, следен кој повеќе нема да го видиме во дресот на Брера е искусниот напаѓач, Антонио Каланоски.
Тој си заминува од Струмица по турбулентната полусезона, и ќе видиме каде ќе ја продолжи карирата на пролет.
Очигледно дека тимот на Брера во продолжението од сезоната ќе изгледа далеку поинаку одколку досега, затоа што веќе неколку играчи си заминаа, а има уште две кола за доигрување од есенскиот дел.
Јанкулов, Ристовски, Миловановиќ, Манев, Лазиќ, Стамениќ, веќе неколку кола не се дел од тимот, а беа стандардни првотимци, факт кој што вели дека тренерот Горазд Михаилов на пролет ќе располага со сосема нов ростер.