Ако завчера ФК Црвена Звезда со 5:1 го декласира Штутгарт во Лигата на Шампионите, вечерва исто така во Белград, “црвено – белите“ во кошаркарската Евролига просто го уништија Баерн Минхен и тоа со 101:77. Се разбира ова е само фигуративно кажано, но на ова спортско друштво, за само два дена просто си поигра со германски клубови во фудбал и кошарка.
Нема што, секоја чест.
Во текот на целиот меч домашните пред преполната Арена во Белград знаеја што сакаат, знаеја како да дојдат победата бр.6 во оваа сезона. Ова за Баерн Минхем беше само четвртиот пораз во изминатите 12 меча.
Петрушев со 25 поени просто блескаше и ги фрли во транс фановите на српскиот шампион.