ОФС Скопје го поддржа Масар Омерагиќ како кандидат за претседател на ФФМ!

518

Како што се наближува претстојното Изборно Собрание на ФФМ, закажано за 22 декември, од ден на ден Масар Омерагиќ добива се поголема поддршка во нашата фудбалска јавост. Вечерва ОФС Скопје едногласно го поддржа Омерагиќ како свој кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, она што вчера го направи и ОФС Свети Николе.

Да не говориме дека јавно, со свои изјави голема поддршка му дадоа и нашите фудбалски легенди Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими и други.No description available.

Секако дека во следните денови таа поддршка ќе биде уште поголема за Омерагиќ кој ќе биде единствен кандидат за нов претседател на ФФМ.

Вечерва тој пред делегатите на ОФС Скопје, покрај другото, се заблагодари на поддршката во своето излагање.

ПретходноПикси останува селектор на Србија
СледноСалата Автокоманда обоена во „црвено-жолта“ боја – симболот на гордоста (ФОТО)