Пикси останува селектор на Србија

64

Иако деновиве се појавија многу шпекулации околу смената на Драган Стојковиќ Пикси од позицијата селектор на фудбалската репрезентација на Србија, денешните информации ги демантираат исттие во целост.

Во јавноста со изјава излезе генералниот секретар на ФСС, Бранко Радуљко кој потврди дека нема дилеми дека Пикси и во иднина ќе биде на чело на А репрезентацијата на Србија.

„Шпекулациите околу заминувањето на актуелниот селектор се поради понудите кој што тој ги добил од Блискиот исток. Ова е фудбал, понуди имало и ќе има, но дали исттие ќе бидат прифатени е сосема друга работа. Јас потврдувам дека смена на Драган Стојковиќ нема да има“ – изјави Радуљко за медиумите во Србија.

Тој потврди дека самиот Стојковиќ ќе биде дел од делегацијата на Србија која што ќе присуствува на ждрепката за квалификациите за Мундијалот во 2026 година која што ќе се одржи во Цирих, Швајцарија, на 13 декември.

 

ПретходноКристијано Роналдо не запира – сега има 915 голови! (ВИДЕО)
СледноОФС Скопје го поддржа Масар Омерагиќ како кандидат за претседател на ФФМ!