Она што се најавуваше, а беше и потврдено, од вечерва е и официјално. Легендарниот Руд ван Нистелрој е нов менаџер или тренер на Лестер. На Холанѓанецот, како В.Д., му беа потребни само неколку мечеви на клупата на Манчестер Јунајтед за да покаже дека во себе има огромен тренерски потенцијал и затоа дојде веднаш понудата од некогашниот првак во Премиер-лигата која од Руд беше прифатена.