Во Валенсија се чини дека се е по старо. Македонецот Столе Димитриевски и натаму е на клупата на Валенсија, а овој тим и натаму губи во Ла Лига. Во минатата сезона еден од најдобрите голмани во оваа лига, пред неколку дена доби шанса да брани во еден “неважен“ меч во Копа дел Реј, и со тоа се понадевавме дека Столе ќе добие и вистинска шанса, сепак тренерот Рубен Бараха и овојпат му даде шанса на Грузиецот Мамардашвили.
Епилогот е пораз на Валенсија на гостувањето кај Мајорка со 2:1. Гостите од пенал преку Риоха поведоа во таа 32.минута. Сепак следуваше подобра игра на домашните кои со головите на Ларин во 45+3.минута и Пратц во 81.минута успеа да направи пресврт и да дојде до трите бода.