Барселона веќе нема трпение со Де Јонг

368

Раководството на Барселона веќе го кажа својот став околу иднината на 27-годишниот офанзивен играч за врска Френки де Јонг. Според каталонски извори, Барса го загуби трпението со Холанѓанецот и сака на лето да го стави на трансфер листата.

Каталонскиот клуб верува дека моментално во тимот има доволно играчи кои можат да го заменат Де Јонг на теренот. Во исто време, холандскиот играч има една од највисоките плати во Барселона, која изнесува 35 милиони евра годишно.

Де Јонг, исто така, не одговори на предлогот на Барса за продолжување на сегашниот договор кој завршува во летото 2026 година.

ПретходноЛЕ: Манчестер Ј. со пресврт до победа, Рома избори реми во Лондон
СледноДвајца ракометари на Загреб се степале во соблекувалната