Барцокас сакаше да се тепа со навивачите во Белград, Кампацо пцуеше пред камера (ВИДЕО)

223

Aргентинецот Факундо Кампацо не се снајде најдобро со англискиот јазик во изјавата која ја даде по вчерашното возбудливо „Ел Класико“ во Евролигата, откако сочно опцу, па бараше прошка од Евролигата за да не добие казна.

„Се обидов да го повикам Марио Хезоња, да дојде на пик енд рол и да направиме слип. Се обидов и видов дека тие се „зае**“ и промашија. Извини, извини, извини… Не ме казнувај за ова, мојот англиски е лош“, се вадеше Кампацо.

Во Белград, пак, синоќа инцидент меѓу навивачите на домашниот тим и гостинскиот тренер на Олимпијакос, Барцокас. На снимката која се појави утрово се гледа како во еден момент Андроиќ му приоѓа на Барцокас со кого влегува во вербален конфликт, а потоа Барцокас го оттурна Андроиќ, по што навивачите влетаа на теренот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

ПретходноДвајца ракометари на Загреб се степале во соблекувалната
СледноПознати номинациите: Меси, Мбапе, Родри, Јамал, Халанд… кој ќе биде најдобриот за 2024?