Вечерва во првиот меч од 13.коло во Премиер-лигата, Брајтон иако беше голем фаворит, иако го пречека на свој терен последниот Саутемптон, сепак не успеа да победи. Овој натпревар заврши со резултат 1:1, па така и со овој бод составот на Брајтон сега е на делба на втората позиција со Манчестер Сити со по 23 бода, интересно и двете екипи имаат иста гол разлика. Познато е дека лидер е Ливерпул со +8 бода, а исто така познато е дека во недела играат токму Ливерпул и Сити.
Брајтон поведе со голот на Митома во 29.минута, додека гостите во 59.минута преку Даунс ги поставија конечните 1:1.