ЕП 2024: Холандија го победи Исланд, славеа и Романките и Швајцарките

25

Вечерва во терминот од 18 часот се одиграа три средби од групната фаза од ЕП 2024 за жени.

Во групата Ф, селекцијата на Холандија го победи Исланд со 27:25 и со тоа дојде до првата победа во својот прв меч на ова првенство. На полувреме беше израмнето, 12:12, но затоа во вториот дел Холанѓанките беа подобри и заслужено победија.

Романија иако губеше на полувреме од Чешка со 11:13, сепак на крајот успеа да дојде до победа и тоа минимална од 29:28. Ова беше меч од групата Б, во која се и селекциите на Србија и Црна Гора.

И во третиот меч женската селекција на Швајцарија дојде до победата против Ф. Острови со 28:25 во меч од групата Д. Швајцарија имаше голема предност по првото полувреме со резултат 13:7, следуваше подобра игра на противничките ракометарки, но недоволно за да се избегне поразот.

ПретходноТодороски со гол и асистенција главен во победата на Спартак!
Следно“Скудерија Новак“: Ѓоковиќ “тренираше“ во гаражата на Ферари! (ВИДЕО)