Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов имаше извонредна партија во дресот на ПАОК предводен од нашиот најтрофеен тренер Јошко Миленкоски и го понесе составот од Солун кон финалето на грчкиот одбојкарски куп. Синоќа во полуфиналето на купот против екипата на ОФИ, ПАОК пред своја публика славеше со 3:1 и му се придружи на Олимпијакос во големото финале.
Љафтов кој годинава дојде во составот на Миленкоски синоќа имаше одлична партија во која реализираше 18 поени со два блока и 59% успешен прием на сервис, што беше доволно на крајот на мечот да му биде врачено признанието за најкорисен одбојкар на мечот.
Љафтов и Јошко на 11 декември ќе го очекуваат големото финале во Купот на Грција против Олимпијакос со надеж дека можат во неколку сезони на ПАОК уште еднаш да му овозможат даго крене куп-трофејот.