Алкалоид по печат на осминафиналната виза во ЕХФ Европскиот Куп

70

Алкалоид без дилеми ќе биде еден од патниците во осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Избраниците на Кирил Лазаров на домашен терен го совладаа тимот на Вест Виена со 38-26 во првиот меч од третото коло во ова натпреварување.

Вечерва (19 часот) се игра реванш мечот, исто во салата Автокоманда, а условно кажано домаќин е Вест Виена.

Гостите на првата средба беа рамноправен противник само во воведните минути по што целосната доминација им припадна на ракометарите на Алкалоид, покажаа на дело зошто се фаворити и на двете средби.

На вчерашната средба, Александар Петковски имаше десет гола, дека Мартин Серафимов запиша осум, додека Марко Митев седум гола. Иван Галевски имаше десет интервенции.

ПретходноПред четири години мајка му со старо Поло го носеше на тренинг, а сега вреди 150 милиони евра!
СледноГрчевски: Верувам дека можеме да излеземе како победници од дуелот со Турција