Аморим до Ериксен: Можеш да си одиш, не сметам на тебе!

438

Рубен Аморим и тоа како има намера од Манчестер Јунајтед да направи силен тим и да го врати на оние позиции на кои овој гигант заслужува да биде. Јасно е дека уште во јануари ќе треба да се доведат неколку засилувања, но исто така јасно е дека ќе мора во претстојниот зимски преоден рок тимот од “Олд Трафорд“ одредени играчи и да го напуштат.

Прв на таа листа е Кристијан Ериксен, кој според пишувањето на медиумите на Островот, тоа го дознал од самиот Аморим.

Можеш да си одиш во јануари, не сметам на тебе, а нема да добиеш нов договор“ ова биле зборовите на Аморим кои биле упатени до Данецот на нивниот состанок.

На Ериксен договорот му истекува во јуни, но без отштета ќе може да си оди уште во јануари.

ПретходноПолувреме: Ракометарките губат од Турција со три гола разлика (ВИДЕО)
СледноФеникс конечно ја заврши лошата серија со триумф над Гостивар