Она што требаше да биде градско дерби помеѓу Арсенал и Вест Хем во рамките од 13. коло од Премиер лигата, се претвори во рапсодија на „Топџиите“ и триумф од високи и убедливи 2:5.
Во фантастична атмосфера и преполни трибини, тимот на Арсенал по само 36. минути водеше со фантастични 0:4. Габриел, Тросард, Одегард и Хавертс ја наполнија до врв домашната мрежа по само половина час по што победникот на овој меч беше јасен.
Следуваше враќање на домаќинот со два брзи гола, преку Ван Бисака односно Емерсон за да во еден момент биде 2:4, но Букајо Сака од пенал поставува 2:5 во последните секунди од првиот дел.
И кога сите очекуваа во вториот дел уште минимум три четири гола, сепак, мрежите во овој сегмент мируваа. Домаќинот немаше сила за нешто повеќе, Арсенал задоволен од она што го одигра во првиот дел, па само рутински го докрајчи дуелот.
Арсенал е втор на табелата со 25 бода, Вест Хем е 14. со 15 бода.