За прв пат во својата историја, тимот на Ботафого од Бразил е освојувач на трофејот на Копа Либертадорес, јужноамериканската верзија на Лигата на Шампионите.
Бразилскиот тим во финалето среде Буенос Аирес, со конечни 3:1 го совлада тимот на Атлетико Минеиро, уште еден тим од Бразил во неверојатно финале преполно со возбудувања.
Мечот имаше невиден почеток откако Грегоре по неполна минута игра доби директен црвен картон и го остави Ботафого целиот меч да го одигра со играч помалку. Тоа не се одрази на текот на играта, односно Ботафого зема залет и погоди два пати во противничката мрежа. Луис Енрике погоди во 35. минута, за да истиот играч десетина минути подоцна изнуди пенал. Алекс Телес го претвори во гол.
Второто полувреме започна исто така со возбудување. Едуардо Варгас со глава погодува за 2:1, а потоа следуваше опсада на Атлетико Минеиро кон противничкиот гол. Ветеранот Хулк главна карика во сето тоа, се одеше преку него но топката никако не сакаше да влезе во гол.
Конечно, во последните секунди од дуелот, Жуниор Сантос со еден соло пробив но пред се по грешката на исцрпените играчи на Атлетико Минеиро ги постави конечните 3:1.