Извршниот потпретседател на НБА, Џо Думарс, го казни ветеранот на Денвер Нагетс, Расел Вестбрук (36) со 35.000 долари за неговиот непристоен гест за време на мечот против Њујорк на домашен терен на кој неговиот тим беше поразен со 118:145.
Вестбрук, кој 24 од своите 27 поени ги постигна во последната четвртина, кога веќе беше решено прашањето за победникот, откако погоди тројка и на гостинската клупа им покажа среден прст.
Вестбрук одигра повеќе од 1.150 натпревари во регуларниот дел од сезоната на НБА и повеќе од 120 во плејофот. Во натпреварите по регуларниот дел од лигата тој има просек од 23,6 поени, 7,0 скока и 7,5 асистенции по натпревар. Никогаш не освоил прстен.