Долго очекуваната пресметка помеѓу екипите на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен во рамките од овогодинешната Бундеслига заврши без победник 1:1.
На преполниот Вествален, домаќинот имаше и тоа како големи мотиви да го добие лидерот на табелата и во поголемиот дел од мечот беше во таква позиција.
Во 27. минута Гитенс ја доведе Борусија во водство, а потоа за Баерн се случи голем пех. Излезе првиот напаѓач Хери Кејн, а на негово место влезе ветеранот Томас Милер.
Во вториот дел Баерн се обиде да стигне до позитива, а тоа се случи дури во самиот финиш на мечот. Изведениот слободен удар за Баерн удри во живиот зид, а одбиената топка, Олисе ја нафрли во срцето на шеснаесетникот. Мусиала осамен со глава погодува за 1:1 и за конечно реми на овој дуел.
Баерн и натаму е прв ссега со 30 освоени бодови, додека Дортмунд е петти со десет помалку.