ЕУРО 2024: Унгарија ја победи Шведска, Норвешка сигурно чекори кон главната рунда

58

Третиот ден на Европското првенство кое се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија е комплетиран.

За нас Македонците во центарот на вниманието е Дебрецин и групата А. Пред дуелот меѓу Македонија и Турција се одигра дерби пресметката меѓу Швеска и Унгарија, а победник излезе домаќинот, кој славеше со 32-25 и веќе може да се каже дека е сигурен патник во главната рунда.

Норвешка ја постигна својата втора победа на женското ЕХФ ЕУРО 2024. Откако ја победија Словенија со 33:26 на првиот меч, бранителот на титулата и одржа лекција на Австрија, победувајќи ги домаќините со 37:24 во Инсбрук. Со овој триумф, Норвешка исто сигурно чекори кон главната рунда. Во истата група Словенија ја совлада Словачка со 37-24.

ПретходноБолоња со лекција за „фенерџијата“
СледноРистовска: Резултатот е најреален! Имаме светла иднина!