Како што се чини за утрешното мега – дерби во ХНЛ, кое се игра на „Пољд“ во Сплит меѓи Хајдук и Динамо Загреб, гостите ќе бидат ослабени и тоа драстично. Стратегот на “модрите“ Ненад Бјелица покрај другите не ќе може да смета и на македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми:
“Адеми сигурно нема да биде во комбинација за првиот тим, а веројатно и Стефан Ристовски“ напомена Бјелица.
Инаку и двајцата се жалат на повреди.
Од друга страна стратегот на Хајдук, Џенаро Гатузо ќе може да смета на својот Македонец Александар Трајковски.
Инаку натпреварот започнува утре во 17:45 часот. Повеќе од јасно е дека “Пољуд“ во Сплит ќе биде исполнет до последното место.