Македонската женска ракометна репрезентација после 16 години успеа да освои барем бод на едно Европско првенство, тоа го стори вечерва против Турција, одигра 25-25. Желбата и најавите беа победа, но на теренот не беше лесно против дебитантот, а кога на кантарот ќе се додадат бројни технички грешки и загубени топки кои ги имаше Македонија, бодот и тоа како е голем, но и реален, вака размислува и Сара Ристовска.
Капитенот на македонската репрезентација беше прогласен за МВП на дуелот, верува дека нашиот национален тим има светла иднина.
„Очекувавме дека натпреварот против Турција ќе биде тежок. Навистина се подготвувавме долго време за овој дуел, но мислам дека крајниот резултат заврши најреално. И двата тима се бореа до самиот крај на мечот. Имаме светла иднина, да видиме како ќе изгледа тоа“, изјави капитенот на македонската репрезентација, кој постигна осум гола.